Елмас: Головите ми значат, но Македонија да победува ми е најважно

Елиф Елмас одигра одличен меч и со два гола ни донесе победа против Словенија со 2:1, а останува оптимист дека можеме да се пласираме на Европското првенство во 2020 година и преку квалификациите.

„Секако ми годи што сум двоен стрелец, но најважни ми се победите на Македонија. Одлично е што победивме една селекција од рангот на Словенија, а сега ќе одиме на триуфм и против Полска. Ќе излеземе на терен да им се спротивставиме со квалитет што го имаме и со голема борбеност што ја потврдивме и вечерва“, изјави јунакот на победата од 2:1 против Словенија.

Македонија има 11 бодови по седмото коло и е на третото место во Г групата, зад лидерот Полска со 16 бода и Австрија со 13. Клучен меч ќе ни биде следниот дуел со Полска во Варшава на 13. октомври.

- Оглас -

Најнови вести