Познато е колку време Нејмар ќе отсуствува по новата повреда

Мегаѕвездата на ПСЖ, Нејмар јуниор се повреди за време на репрезентативната пауза играјќи за Кариоките против Нигерија, а денешните медицински прегледи во Париз не донесоа добри вести за францускиот првак. ПСЖ нема да смета на услугите на Нејмар најмалку четири недели бидејќи ги оштетил лигаментите на листот од левата нога.

Иако за околу една недела на Нејмар повторно ќе му бидат извршени детални прегледи, од клубот сметаат дека не може порано да се врати на терените.

Повредата доаѓа во лош момент бидејќи Бразилецот откако сезонава заигра за Светците, веднаш ја врати претпознатливата форма и редовно ги тресеше мрежите во Лига 1, а сега повторно без него тренерот Тухел ќе мора да го крпи тимот.

 

- Оглас -

Најнови вести