Манекенката со хрватско потекло Наталија Барулич е новата девојка на најдобриот бразилски фудбалер Нејмар. Бразилските медиуми открија дека новата љубов на Нејмар е чест посетител на фудбалските мечеви на ПСЖ во Париз, а сега се претпоставува и зошто.
Наводно, оваа 27-годишна убавица е девојка на Неј, а за официјална потврда на шушкањата потребно е само тие двајца да се појават некаде заедно. Наталија е поранешна девојка на колумбискиот пејач Малум, со кого лани беше на одмор во Хрватска. Таа на социјалните мрежи објавуваше фотографии од Дубровник и потврди дека потеклото ѝ е од Хрватска.
Нејзиниот татко е Хрват, а мајката е Кубанка. Родена е во Калифорнија, во САД. Последна девојка на Нејмар за која се знаеше беше Бразилката Бруна Маркезине.