Дамјан Стојановски е голем адут на МЗТ Скопје за уникатен подвиг во Регионалната лига, а со индекс од 29 поени може да биде конкурентен за наградата најкорисен играч на третото коло.
Нашиот репрезентативец постигна 18 поени, имаше 9 скока и пет украдени топки, што е учинок за респект и ќе конкурира за МВП на колото.
Претходно, во стартните две кола скопјани ги имаа најдобрите кошаркари, а приказната ја почна Нуни Омот, кој беше број 1 играч во стартното коло.
Веднаш по него блесна и Џабари Хајндс со одличен учинок во втората рунда и заслужено ја доби наградата МВП на колото.
Сега Стојановски е на стенд-бај и ќе чека да завршат преостанатите пет меча од третото коло во АБА 2 лигата.