Овој голман слободно може да стане и боксер (Видео)

Дуелот меѓу Карсруе и Хановер во германската Втора лига беше возбудлив до самиот крај. Беше 2:2, кога судијата покажа дека ќе има неколку минути дополнително време. Гостите поведоа со 3:2 во 93 минута, но тоа не беше крајот. Во 95 минута Гордон даде гол за 3:3, а голманот на гостите Рон-Роберт Зелер доби црвен картон бидејќи со бокс го нокаутираше Гордон.

Ударот не беше намерен, бидејќи голманот сакаше да ја удри и да ја исфрли топката, но тогаш натрча Гордон и доби нокаут во стомакот.

 

- Оглас -

Најнови вести