Ренова е последниот четвртфиналист во националниот Куп на Македонија по денешното реми 1:1 против Тиквеш во реваншот.
Гипсарите ги разрешија сите дилеми со голот на Адеми во 86-тата минута, откако Тиквеш се закани со сензација и поведе со 1:0 во 22-рата минута. Стрелец за гостите од Кавадарци беше Илиески.
Со тој погодок Тиквеш ја намали негативата од 0:2 што ја донесе во Тетово од првиот меч, но немаше сили за уште еден гол и евентуални пенали, кои би го одредувале последниот четвртфиналист.
Адеми биеше прецизно во финишот, по што Ренова со вкупен резултат од 3:1 оди понатаму.
Претходно, во четврт-финалето се пласираа: актуелниот бранител на трофејот Академија Пандев, Шкендија, Работнички, Шкупи, Брегалница, Лабуништа и Струга Трим Лум.