Левандовски мора да оди под нож

Роберт Левандовски мора да оди на операција со цел да ја отстрани болката која ја чувствува во пределот на препоните. Сепак, зафатот не е итен и самиот фудбалер треба да одлучи кога ќе го стори тоа. Полскиот бомбардер размислува која опција е најдобра за него, дали да ја санира повредата сега, за време на репрезентативната пауза, или да го чека зимскиот распуст.

По комуникација со полската репрезентација, од таборот на Баерн нема да го форсираат да оди под нож иако е неопходно. Левандовски може и да не игра за Полска во последните два квалификациски дуели за ЕП 2020 бидејќи веќе обезбедија пласман во групите откако ја совладаа Македонија со 2-0 во Варшава.

Повеќе се прават калкулации за Баварците бидејќи Левандовски е во животна форма. Од вкупно 19-те погодоци, Левандовски 14 постигна во 10 меча во Бундеслигата, а пет му се во Лигата на шампионите, односно во просек реализира гол на секои 62 минути, што е доста импресивен учинок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести