Нема друго решение: Ливерпул мора да игра два меча за 24 часа

Ливерпул преку сопштение потврди дека ќе игра против Астон вила во четвртфиналниот меч во Лига купот на Англија, кој е закажан за 17 декември. Иако на европскиот првак не му одговара тој датум бидејќи за помалку од 24 часа фудбалерите на Јирген Клоп имаат обврски во полуфиналето од Светското клупско првенство, клубот најде решение да ги одигра двата меча со два различни состави.

Раководството на Лига купот во изминатиов период не успеало да најде погоден датум за двете страни со цел да се избегне откажување на Ливерпул, како што се закани Клоп, па оттаму доаѓа ова решение на клубот од „Енфилд“.

Се претпоставува дека Клоп кон Катар ќе тргне со првиот тим, каде што ќе се бори за светската круна, додека младинците ќе имаат прилика да ги одмерат силите со Астон вила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести