Катарски тајкуни понудиле 560 милиони евра за купување на фудбалскиот клуб Наполи, чиј член е македонскиот интернационалец Елиф Елмас.
Според некои медиуми, првиот човек на Наполи, Аурелио де Лаурентис, е разочаран од последните случувања и би сакал да го продаде Наполи, а веќе има и заинтересирани купувачи, тоа е владејачкото семејство Ал Тани, кое има акции и во ПСЖ.
Наполи на пет меча по ред не знае за победа, дел од играчите му свртеа грб на претседателот и се скараа со потпретседателот кој е син на Де Лаурентис, а зачестија и криминалните активности врз фудбалери на клубот и нивните сопруги.
Филмскиот продуцент Де Лаурентис е прв човек и на клубот Бари, па веројатно сака да го продаде поскапиот Наполи и парите би ги вложил во Бари.