Им се исплати трпението – Динамо ќе го продаде Олмо за 40 милиони евра, Манчестер сити е фаворит

Манчестер сити се приклучи во трката со Милан и Рома за ангажман на Дани Олмо, а трпението што го имаа во Загреб, во таборот на Динамо сега може да им донесе двоен ќар.

Хрватскиот првак одреди цена и таа нема да се движи под 40 милиони евра, што е двојно повеќе од понудите што популарните „модри“ ги имаа за Олмо во летниот преоден рок.

„Нема шанси да продадеме еден голем талент, меѓу најдобрите во Европа за тие пари“, изјавуваа од Динамо во текот на летниот преоден рок.

И од оваа перспектива постапија сосема правилно, а Олмо блескаше на младинското Европско првенство и беше меѓу најдобрите во редовите на младата шпанска репрезентација, која ја освои титулата.

И потоа Дани играше одлично, и во мечевите од Лигата на шампионите потврдува дека се работи за одличен фудбалер, па се најде на радарот на Милан и Рома, а сега и Манчестер сити се вклучи во трката.

Олмо вчера не играше за младата селекција на Шпанија против Македонија, иако е капитен на талентираната генерација на Црвената фурија, бидејќи доби повик да игра за сениорската селекција против Малта во Кадиз денеска, од 20.45 часот, и со Романија на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид на 18 ноември.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести