Не можат да ги најдат хулиганите што го навредуваа Балотели во Верона

Дисциплинската комисија во Фудбалската федерација на Италија не ја казни Верона поради испадите на нејзините навивачи на мечот со Бреша.

На членовите на комисијата им требаат дополнителни докази за навредите на расна основа насочени кон Марио Балотели, па истрагата ќе биде продолжена, но трибината нема да биде затворена како што се најавуваше.

„Разочаран сум од ваквата одлука“, изјави Габриеле Гравина, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија.

Балотели не можеше да ги трпи навредите и излезе од теренот, а мечот беше прекинат неколку минути поради скандирањето од трибините, каде се сместени хард-кор навивачите на Верона. Засега на „Марк Антонио Бентегоди“ нема да биде затворена ниту една трибина, но истрагата не е завршена, како што се најавува од Фудбалскиот сојуз на Италија.

Балотели вчера беше казнет од тренерот на Бреша, Фабио Гросо, и беше отстранет од тренингот поради тепачка со еден од соиграчите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести