МОЛ Фехервар се раздели со тренерот, Николов и Муслиу добиваат нов шеф

Србинот Марко Николиќ веќе не е тренер на унгарскиот прволигаш МОЛ Фехервар, чии членови се македонските репрезентативци Бобан Николов и Висар Муслиу.

Клубот кој порано се викаше Видеотон со кратко соопштение му се заблагодари на Николиќ и му посака среќа во иднина. Овој тренер го презеде тимот во 2017 година, откако со Партизан освои двојна круна во Србија. Со Унгарците освои титула во 2018 и Куп во 2019 година. Ситуацијата и не е толку лоша, имаат само три бода помалку од лидерот Ференцварош (Ференцварош има и еден меч помалку), но по поразот од Пушкаш академија, МОЛ Фехервар му врачи отказ на Николиќ, кој имаше договор до јуни 2020.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести