Навивачите на Реал му порачаа на Нејмар каде му е местото

Пари Сен Жермен е перфектен во Лигата на шамапионите и со четири победи во четири меча, 10 дадени и ниту еден примен гол е лидер во групата А. Реал Мадрид има комотна предноста на второто место, но Кралевите уште не се 100 отсто сигурни за во нокаут-фазата. На „Сантијаго Бернабеу“ вечерва се игра дербито, а еден од оние играчи кои ќе биде во центарот на вниманието е Нејмар.

Бразилецот е прва ѕвезда во ПСЖ, но и една неоставарена желба на Реал Мадрид. Кралевите сака да го купат Нејмар, но тоа не им успеа. Навивачите на Реал Мадрид се собрале пред хотелот во којшто се сместени фудбалерите на ПСЖ и решиле да го „поздрават“ Нејмар.

„Нејмар оди во Барселона бидејќи таму е твоето место“, било скандирањето на фановите на Реал, кои едноставно покажале дека се против доаѓањето на Бразилецот во Мадрид.

ПСЖ на првиот меч во Париз победи убедливо со 3:0, а вечерва се очекува многу понеизвесен меч.

 

- Оглас -

Најнови вести