Ван Дајк: Еден ќе ја земе Златната топка, но тоа не значи дека другите се „лузери“

Најголемото индивидуално фудбалско признание вечерва ќе заврши во рацете на фудбалерот кој се покажа во најдобро светло во 2019 година. За некои тоа треба да биде Лионел Меси, а останатите веруваат дека Вирџил ван Дајк заслужува да биде само вториот стопер по Фабио Канаваро кој ја дофатил Златната топка.

Наводно, победникот веќе е познат. Се чини дека Меси ќе додаде шеста Златна топка во колекцијата и ќе има една повеќе од Кристијано Роналдо. Гласовите веќе се избројани и Меси има најмногу, зад него е холандскиот џин, а на трето место е соиграчот на Ван Дајк и ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах.

Сепак, Ван Дајк смета дека вечерва никој нема да се чувствува како да загубил, без разлика во чии раце ќе оди престижната награда.

„Никој не е „лузер“, сите се горди и благодарни што се сместени во посебната класа на играчи. Самиот факт што сум во конкуренција за Златната топка го потврдува мојот труд со кој придонесов за клупски и репрезентативен успех. За брзо ќе дознаеме кој е најдобар“, истакна Ван Дајк.

Новитет во однос на претходните години е што сега не се обелоденети тројцата финалисти, па на гала-церемонијата која вечерва ќе се одржи во Париз ќе присуствуваат најголемите „фаци“ од фудбалската сфера, но не и Роналдо, а ќе го нема ниту Лука Модриќ, минатогодишниот освојувач.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести