Му фатија сеир на Нејмар, ја освои Златната топка за глумење повреди

Лионел Меси ја чека новата Златна топка во изборот на „Франс фудбал“, а досега награди добија Алисон Бекер за најдобар голман во 2019 година, Матајс де Лихт за најдобар млади играч и Меган Рапино за најдобра фудбалерка.

Церемонијата е во тек, а на социјалните мрежи го закачија и Нејмар, а нему му ја доделија Златната топка за глумење.

„Нејмар ја доби наградата за фудбалер што најдобро глуми фаули и е најчесто повреден“, е еден од шеговитите коментари на сметка на Бразилецот.

Се очекува и доделувањето на главната награда, а прв фаворит е Лионел Меси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести