Стојановски игра за „бесна“ екипа – Ним има два црвени картони за едно полувреме

Влатко Стојановски вечерва не е во составот на Ним, а неговата екипа губи со 0:1 против Лион и има дури двајца исклучени играчи по првото полувреме.

Најпрво уште во петтата минута Тео Велс стартуваше со ѓон на противникот и доби црвен картон, а потоа Лион поведе со гол од пенал што го реализираше Мемфис Депај.

 

Во 40. минута нов груб старт имаше Гаетан Паке, а Ним остана со 9 играчи на теренот, по новото исклучување. Ним е во лоша серија од 9 меча без победа, а како се одвиваат настаните на „Костиерес“ извесно е дека вечерва ќе запишат и десетка.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести