Страшна акција за спас од пораз во последна секунда – Адамс асистира од кош на кош, Шредер погоди, Оклахома на крај и победи (Видео)

Стивен Адамс и Денис Шредер покажаа дека во НБА лигата и една секунда е доволна за успешна акција од кош на кош, а поените на бекот на Оклахома беа пресудни, најпрво да се игра продолжение, а потоа Тандерс и да победат.

При резултат 121:119 за Минесота на 1.1 секунда до крај Таунс промаши слободно фрлање, па на Волците им беше досудена техничка грешка, поради задржување на играта. Џордан Бел заборави да го облече дресот при влегување во игра, па Данило Галинари погоди и намали на еден поен разлика.

Таунс го погоди второто слободно фрлање и потоа се случи спектакуларната акција на домаќините. Стивен Адамс ја фрли топката молневито од под својот кош на спротивната страна, а Шредер ја прифати и постигна поени за израмнување на 122:122.

https://twitter.com/NBA/status/1203156851791147008?s=20

Потоа се беше на страната на Оклахома, која победи со 17:5 во дополнителните пет минути и со вкупни 139:127 и донесе голема радост на домашната публика.

Крис Пол со 30 поени беше најефикасен кај Оклахома, а исто толку поени кја Минесота постигна Џеф Тиг. Најефикасниот поединец на мечот Карл Ентони Таунс забележа 32 поени, но испадна и трагичар. Да го промашеше и второто слободно фрлање веројатно Минесота ќе победеше во регуларниот дел.

Продолженија и драма имаше и во Тексас, а Сан Антонио го победи Сакраменто со 105:104. Причини за радост имаа и кошаркарите на Милвоки кои го декласираа Лос Анџелес клиперс со 119:91 и ја забележаа 13-та победа по ред.

Резултати: Шарлот – Бруклин 104:111, Кливленд – Орландо 87:93, Детроит – Индијана 108:101, Бостон – Денвер 108:95, Чикаго – Голден стејт 98:100, Мајами – Вашингтон 112:103, Оклахома – Минесота 139:127 (по продолжение), Милвоки – Л.А. Клиперс 119:91, Сан Антонио – Сакраменто 105:104 (по продолжение), Портланд – Л.А. Лејкерс 113:136.

- Оглас -

Најнови вести