Битката против леукемијата ги инспирира сите – Болоња го прогласи Михајловиќ за почесен граѓанин

Синиша Михајловиќ доби големо признание откако стана инспирација за сите во тешката битка со леукемијата. Денеска градскиот совет на Болоња одлучи да го прогласи тренерот на фудбалскиот клуб за почесен граѓанин.

Синиша е вистински пример за храброст, за човек кој е борец, а неговата битка со леукемијата е вистински пример за сите.

Михајловиќ ја мина и третата фаза од хемотерапијата и му беше извршена операција, а сега повторно ја води Болоња од клупата.

„Се чувствувам како син на градот Болоња. Им благодарам на сите“ објави Михајловиќ.

Градскиот совет на Болоња објави дека одлуката Синиша да биде прогласен за почесен граѓанин е донесена едногласно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести