По четири месеци борба во групната фаза, во трката за трофејот во Лига на шампионите останаа најдобрите 16 екипи. Клубови само од Топ 5 лигите во Европа успеаја да се изборат за место во нокаут-фазата, што значи дека речиси и ќе нема лесен ривал.
Денеска на пладне ќе биде ждрепката за осминафиналните парови. Правилата се едноставно. Меѓу себе никако не може да се паднат екипи кои завршиле како првопласирани во групата. Не е можно да играат ниту два клуба од иста држава, ниту ривали кои веќе биле во иста група во групната фаза.
На овој начин, значи дека веќе е лимитиран бројот на можни противници за сите екипи. Компјутерската пресметка направи провизорно кои се двојките со најголема веројатност изразена во проценти. Како најсигурен пар во осминафиналето е Барселона – Челзи со 23,28 отсто шанси дека може да се паднат меѓу себе.
Во табелата која е прикажана, познати се и процентите за сите останати екипи кои би можеле да бидат дел во осминафиналето. Со над 20 отсто веројатност е дека Реал Мадрид може за противник да го добие Ливерпул, Баерн има 18 отсто шанси да игра против Атлетико Мадрид, а Пари Сен Жермен против Борусија Дортмунд. Многу веројатно е дека и Јувентус ќе има многу тежок ривал.
Компјутерските калкулации се едно, но ждрепката може да покаже нешто сосема поинакво.