Сопругата, но и менаџерката на Мауро Икарди, популарната Ванда Нара повторно упати провокација до поранешниот тим на нејзиниот сопруг, италијанскиот Интер. Според Ванда, Интер не поминал добро со замината која е најдена на местото на Икарди.
Нераѕурите платија 65 милиони евра за да го доведат Лукаку од Манчестер јунајтед. Белгискиот репрезентативец сезонава веќе даде 12 погодоци и е втор на листата на стрелци во Серија А. Сепак, Ванда Нара потенцираше дека Лукаку давал голови само на „мали мечеви“.
„Ќе беше убаво да го видевме како постигнува голови во важни дуели. Во Лигата на шампиони на важните средби не може да постигне гол, па затоа сега ќе си гледа на телевизија како се игра во нокаут фазата од ЛШ. Колку сакате може да го критикувате Икарди, но вистината е дека тоа е последната вистинска деветка што има постигнато 120 голови за Интер“, рече Ванда Нара.