Килијан Мбапе и Нејмар ќе се обидат да ги подобрат и дефанзивните карактеристики, а ако успеат добро да ги одиграат и тие ролји, тогаш Пари Сен Жермен ќе биде многу опасен ривал за сите на патот до евентуалната титула во Лигата на шампионите.
„Секогаш ме прашуваат за дефанзивата. И не само мене, знам дека и Нејмар е честопати критикуван за тој сегмент. Разговаравме и се договоривме да се обидеме значајно да ги поправиме игрите во дефанзивата. Тоа ќе биде мотив плус за сите. Кога Килијан и Нејмар трчаат, кој нема да ни се приклучи во извршување на дефанзивните задачи? Нема таков играч во ПСЖ. Ќе бидеме мотивација за сите“, вели Мбапе.
ПСЖ сезонава постигна вкупно 60 гола во двете најважни натпреварувања за Светците, во Лига 1 во Франција и во Лигата на шампионите.
Во фазата по групи во Лигата на шампионите парижаните примија само два гола на шест меча и се убедливо најдобриот дефанзивен тим. Уште ако Мбапе и Нејмар го реализираат договорот и почнат посериозно да играат и одбрана, се разбира во нивниот дел од теренот, тогаш драстично ќе пораснат шансите на ПСЖ за титулата во ЛШ, што долго се чека во Париз.
Титулата во Франција се чини не може да му побегне на ПСЖ, па следниот голем предизвик за актуелниот француски првак е Борусија Дортмунд, во двомеч од осминафиналето во Лигата на шампионите.