Мауро Икарди беше изненаден од информацијата дека е фудбалер кој набрзо стигнал до 10 постигнати голови во историјата на клубот Пари Сен Жермен. Досегашен рекордер беше Златан Ибрахимовиќ.
Тој има 14 погодоци на 18 настапи во дресот на ПСЖ, каде е позајмен од Интер, брзо се адаптираше на новата средина и одлуката да оди во Париз му беше добра.
„Не знаев за овој податок. Горд сум што постигнав вакво нешто и што си најдов место во историјата на клубот. Секогаш се трудам да бидам подготвен и со своите движења да се ослободувам, и да ја барам топката од соиграчите. Моја цел е да давам голови и да соработувам со соиграчите“ – изјави 26-годишниот Аргентинец.