Дербито на АБА одложено, Ѕвезда не отпатува за Подгорица

Јадранскиот и српски кошаркарски шампион Црвена ѕвезда утрово требаше да отпатува во Подгорица за дербито против Будуќност, кое требаше да се игра во рамките од 13-тото коло на АБА-лигата. Но целиот тим на Црвено-белите го напушти авионот пред самото полетување, па се чекаше потег на управата за да се дознае дали мечот воопшто ќе се одигра.

Сепак, откако челниците свикаа вонреден состанок, кој е закажан за денес во 16:30 часот, јасно е дека Ѕвезда нема да оди во Црна Гора за да ги одмери силите со актулениот вицепрвак. Она што е познато е дека дуелот ќе се одложи за некој нареден ден, кога точно, не се знае.

Кошаркарите на Ѕвезда не сакаа да патуваат за Црна Гора, каде што изминатиов период владее нестабилна политичка состојба поради усвојувањето на законот за вероисповед. Нивната одлука да останат во Белград е за да се избегнат какви било инциденти, а познато е како мина ланската финална серија меѓу овие две екипи.

- Оглас -

Најнови вести