Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар, паузата во француското првенство ја искористи за празниците да ги мине во родниот Бразил каде што сега е лето, но изгледа и премногу се опуштил и не се грижи за својата физичка форма.
Парискиот тим в недела игра меч од Купот, но тренерот Томас Тухел тешко дека ќе смета на Нејмар, особено откако ќе ја види снимката од Бразил. Нејмар има вишок килограми и делува дека е многу пијан. Тој не отстапува од таквиот начин на живот, а тоа нема да му помогне да се смират фановите кај кои не е омилен поради проблемите кои ги прави надвор од фудбалскиот терен.
https://twitter.com/i/status/1211978928610521089