Српскиот кошаркар Урош Луковиќ, кој е добро познат и во македонската јавност бидејќи неколку години играше за Куманово, МЗТ Скопје и кратко за Кожув, пред патувањето за Белград каде вечерва неговиот тим Морнар гостува кај Партизан во АБА лигата, на аеродром се сретнал со пејачката Цеца Ражнатовиќ, па моментот беше искористен за заедничка фотографија.
На Луковиќ, во срцето му е Партизан, Цеца повеќе е за Црвена ѕвезда, но кошаркарот од култура прифатил да се сликаат. Барем тој така вели.
„Не бев на нејзиниот концерт во Будва. Светлана ме праша дали може да се сликаме и не можев да ја одбијам, иако верувајте, знаете дека ми беше тешко. Таа е црвено-бела и не ја сакам, но морав да ја испочитувам“ – изјави шоуменот Луковиќ за телевизијата на Партизан.