По враќањето на Златан Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“, јасно беше дека Кжиштоф Пјонтек ќе мора да се бори за место во стартниот состав кај тренерот Пиоли. Но, наместо тоа, полскиот напаѓач доби понуда од Њукасл да се пресели на Островот во овој зимски преоден рок.
Англиските медиуми тврдат дека прв дел од преговорите веќе се одржале, а истите ќе продолжат и најверојатно ќе вродат со плод. Милан го купи Пјонтек минатиот јануари од редовите на Џенова за сума од 38 милиони евра, додека на „Сент Џејмс парк“ би требало да игра само до крајот на оваа сезона како позајмен играч.
Во дресот на Росонерите Пјонтек запиша 39 настапи во сите натпреварувања на кои постигна 15 гола, но оваа сезона е далеку од претпознатливата форма и брои само четири погодоци во Серија А.