Ќе бидеме ослабени во дефанзивата – Велко Маркоски дефинитивно не игра на ЕП

Велко Маркоски и дефинитивно нема да настапи на ЕП 2020 година, што е хендикеп за Македонија, особено во играта во одбрана.

Еден од најдобрите дефанзивци на нашата селекција има повреда на окото од пријателскиот меч со Словенија и ќе мора да паузира меѓу две и три седмици.

За жал, и медицинските прегледи потврдија дека селекторот Данило Брестовац нема да може да смета на искусниот ракометар, па Маркоски ќе мора да мирува.

Македонија ќе го игра првиот меч во фазата по групи задутре од 20.30 часот против Украина во Виена. Два дена подоцна ривал ќе ни биде Чешка од 16 часот, а првиот дел од шампионатот ќе го завршиме со меч против домаќинот Австрија на 14 јануари, од 18.15 часот.

Двете првопласирани селекции од секоја група ќе се пласираат во следната фаза на шампионатот што го организираат Австрија, Норвешка и Шведска.

 

 

- Оглас -

Најнови вести