Обамејанг се угледува на Артета, Палас и Арсенал ремизираа

Микел Артета можеби е стратегот во подем и се очекува во иднина да биде еден од врвните фудбалери кои своето знаење ќе го пренесуваат од аут-линијата. Но, Шпанецот денес беше лош пример за неговиот играч Пјер Емерик Обамејанг.

Габонецот е само трет фудбалер на Арсенал го постигнал гол и воедно заработил црвен картон на еден ист натпревар во ремито од 1-1 против Кристал палас, а последен пат таков невскусен податок запишал токму Артета, и тоа против истиот тим, на истиот стадион пред седум години.

Обамејанг донесе предност за Топчиите на „Селхарст парк“ во 12-тата минута, а поради остар старт доби директно исклучување во 67-та минута. Домаќините претходно израмнија преку Ају во 54-тата минута, па така лондонските екипи ги поделија бодовите во ова 22-ро коло кое е во тек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести