Емотивно видео на Брајант со ќерка му од нејзините кошаркарски почетоци (Видео)

Кошарката му беше во крвта на Коби Брајант, тој и најстарата ќерка Џана Марија Оноре, која сите ја викаа Џиџи, „ја зарази“ со овој спорт, а Џиџи во повеќе наврати имаше покажано дека е голем талент.

И Џиџи не можеше без кошарка, а судбината сакаше токму патувањето на еден кошаркарски натпревар да значи и крај на нивните млади животи. Трагедијата нема кого не го погоди, целиот спортски свет е во шок и тага. Лука Дончиќ, како една од најголемите европски ѕвезди во НБА, пред Нова година имаше интересна ситуација со Коби и се сликаше со ќерката Џиџи, која имаше желба кога ќе порасне да биде како Лука.

Коби откако ја заврши кариерата, често играше кошарка со ќерка му, па еве како изгледаше еден нивен заеднички шутерски тренинг снимен пред некоја година, кога Џиџи ги правеше првите чекори во спортот со портокаловата топка:

- Оглас -

Најнови вести