Пјонтек е во преговори за трансфер во клуб од Бундеслигата

Херта од Берлин му понудила на Милан 27 милиони евра за слободата на Кжиштоф Пјонтек. Полскиот напаѓач е во преговори за личните услови со Херта и чека позитивен исход и од преговорите на двата клуба.

Милан ја одбил првата понуда за 24-годишниот Полјак. Пјонтек неодамна кажа дека сака да игра во Премиер лигата, а интерес за него имаше од Тотенхем, но тие го бараат на позајмица, додека Херта е поконкретна и сака целосно да го откупи Пјонтек. Голем е бројот на полски фудбалери кои играле добро во Германија и можеби тоа ќе го натера Пјонтек да се премисли и сепак да замине од Милан во соседната земја на неговата Полска.

Сезонава Пјонтек има 5 гола и една асистенција на 20 меча за Милан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести