Бразилскиот ас Нејмар истрча на теренот во Париз со розева боја на косата и со дрес на Коби Брајант во чест на трагишно загинатата глобална ѕвезда, а ПСЖ го растури Монпелје со 5:0.
Во редовите на Пари Сен Жермен и во ваков убедлив меч не може да биде мирно, а до кавга дојде меѓу Убиецот на фудбалските ривали, Килијан Мбапе и тренерот Томас Тухел.
Мбапе беше стрелец на четвртиот гол што со прекрасна асистенција му го подготви Нејмар, а само десеттина минути подоцна во 68. минута беше изваден од игра. На големата ѕвезда на светскиот фудбал не му се допадна идејата на Томас Тухел да замине на клупата за резерви, па бурно реагираше и не се поздрави со својот тренер.
На негово место во игра влезе Мауро Икарди, играше и Кавани, па огромниот квалитет во нападот што го има ПСЖ понекогаш знае да донесе и доста проблеми во редовите на „светците“ од Париз.