Шовинистичка изјава на Земан: Жените треба да бидат во кујна, не да играат фудбал

Ценетиот чешки фудбалски тренер Зденек Земан честопати знаеше да плука по Јувентус, ги напаѓаше дека местат мечеви и им даваат допинг на играчите, а сега даде контроверзна изјава посветена на женскиот фудбал. Запрашан како го коментира растот на женскиот фудбал во Италија, Земан даде одговор за кој веројатно ќе зажали.

„Се надевам дека женскиот фудбал ќе продолжи да се развива, но имаме премногу проблеми во машкиот фудбал. Жените во Италија секогаш настојуваа да останат во кујна. Не знам дали е тоа лошо или не, но мажите мора да јадат“, рече екстренерот на клубови претежно од Италија, но никогаш не освои трофеј во Серија А или Купот, а кратко беше и во Црвена ѕвезда и Фенербахче.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести