ПСЖ и тренерот Томас Тухел утре нема да сметаат на Нејмар во мечот против Нант од 23-тото коло во Лига 1. Бразилската ѕвезда има болки во ребрата и препорачано му е да одмора со цел да се избегнат дополнителни непосакувани проблеми во овој период од сезоната.
Од медицинскиот тим на Светците потврдија дека Нејмар се здобил со повреда во победата над Монпелје изминатиов викенд, но тоа не го спречи најскапиот фудбалер во светот вчера да го прослави својот 28-ми роденден во голем стил.
Се очекува Нејмар да биде подготвен за дуелот против Лион, кој е закажан за наредниот викенд, а потоа да биде во форма за првиот осминафинален дуел против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.