Нејмар, ѕвездата на францускиот шампион ПСЖ, ќе го пропушти гостувањето кај Нант вечерва поради некаква повреда на реброто откако го празнуваше 28-тиот роденден во клуб во Париз. Ова е и напредок бидејќи во минатото Нејмар си одеше дома во Бразил да си го слави роденденот и никогаш не игра во деновите пред, после и на неговиот роденден.
Тренерот Томас Тухел не спомна никаква повреда на Нејмар. На Нејмар утре му е роденден, а забавата на која сите беа облечени во бело се одржа во неделата.
„Дали ова е најдобриот начин да се подготвиш за меч? Не, апсолутно не. Дали е најлошото нешто на светот? Не. Тешко е да им забраните на играчите да одат на забавата, но не треба да гледаме црно или бело. Не е добро што им даваме поводи на луѓето да зборуваат лошо за нас, но нема никого да казнам затоа што се забавувал“, кажа Тухел.