Поранешниот клуб на Ферхан Хасани, Ал-Раед одигра луд меч против лидерот во првенството на Саудиска Арабија, Ал Хилал и загуби со 3:1 како гостин.
Судијата на мечот од 17-тото коло досуди дури пет пенали, три за домаќините и два за Ал-Раед, а беа реализирани три од нив. Бафетемби Гоми погоди еден и утна еден за Ал-Хилал, па потоа место тој, од белата точка шутираше Ал Муаиф и погоди во 96-тата минута.
Натпреварот се играше 100 минути, со судиско продолжение од 10 минути, а и гостите шутираа од белата точка. Кај нив, исто како и Гомис, еднаш погоди Фузаир, а потоа истиот играч и утна од далечина од 11 метри.
За Ал-Раед до лани летото играше поранешниот македонски репрезентативец Ферхан Хасани, како прв наш фудбалер што настапувал во Саудиска Арабија.