Ќе грмат навивачите – Бејл си замина од „Бернабеу“ на 1:4 (Фото)

Герет Бејл продолжува да ги нервира навивачите на Реал Мадрид, а вечерва повторно предвреме си замина од „Сантијаго Бернабеу“, и тоа во 82-рата минута, при негатива на Кралскиот клуб од 1:4 против Реал Сосиедад.

Велшанецот не ги виде вториот и третиот гол на својот тим, а повторно покажа нелојалност кон Реал, што и не му е првпат.

Bale does it again: he left the Bernabéu in the 80th minute

Претходно уште четири пати си заминуваше пред да заврши меч на Реал Мадрид, а го навлече и гневот на симпатизерите на најтрофејниот европски клуб при прославата на пласманот на ЕП 2020 со велшката репрезентација. Тогаш се фотографираше со парола на која пишуваше „Велс, голф, Реал Мадрид“, што беше толкувано како рангирање на приоритетите на Бејл.

Тоа не им се допадна на навивачите на Реал, како што нема да им легне добро ниту гестот од вечерва со новото заминување на Герет пред да заврши мечот на нивните миленици.

- Оглас -

Најнови вести