Нејмар тежи 30 милиони евра годишно, ПСЖ ги има најскапите 11 фудбалери во Франција

Бразилецот Нејмар е убедливо најплатениот фудбалер во Франција со мечечна плата од 3 милиони евра, или кога ќе се одбие данок од 23 отсто, со годишна плата од 28,5 милиони евра.

Главни конкуренти му се дури 10-мина негови соиграчи, а ПСЖ ги плаќа 11-те најскапи фудбалери во Лигата. Втор е Килијан Мбапе со месечна плата од 1,91 милиони евра, па следуваат: Тијаго Силва, Едисон Кавани, Маркињос, Верати..

Интересно е што прв фудбалер што не игра за ПСЖ, а е на листата во Топ-50 е Висам Бен Једер од Монако на 12-тата позиција со месечни примања од 650 илјади евра. Дури 16-мина фудбалери на актуелниот првак Пари Сен Жермен се во првите 21 најплатен фудбалер во француското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести