Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години победи со 3:1 во пријателскиот меч против Босна и Херцеговина на гости. Избраниците на селекторот Драган Канатларовски уште во првото полувреме најавија дека ќе се радуваат на крајот.
Чилафи двапати беше прецизен во првите 45 минути. Првиот пат погоди по додавање на Стојановски, а потоа беше прецизен и по асистенција на Илјези. БиХ успеа да намали, и тоа со голот на Диздаревиќ од пенал, но целата неизвесност заврши кога Елези погоди за 3:1 за Македонија во 84-тата минута.
Пред крајот на мечот беше досуден и втор пенал за Босна и Херцеговина, но голманот Стефан Тасев успеа да го одбрани шутот на Алем Јапаур. Двете селекции на 14 февруари ќе одиграат уште еден контролен меч