Кога имате „топ“ во рацете, џабе е жив ѕид и 12 метри далечина (Видео)

Елоим Пранди, ракометарот на Ним, ги надмина мајсториите на Кирил Лазаров и некои други кои во последна секунда даваа голови од девет метри со жив ѕид пред себе. Вистинска реткост се таквите голови преку рацете на целата противничка одбрана, а Пранди тоа го стори со шут од 12 метри, додека живиот ѕид беше на девет метри.

Пранди, кој има 21 година, игра за Ним, а лани дебитираше за репрезентацијата на Франција, му покажа на тимот на Кретеј каков силен шут има. Испрати ракета од својата рака и го погоди горниот агол на немоќниот голман.

https://twitter.com/i/status/1227912630557446144

- Оглас -

Најнови вести