Барселона го претстави Нејмар, а потоа стигна објаснување

Бразилската супер ѕвезда Нејмар уште пред повеќе од една година најави дека сака да се врати во Барселона, но сепак засега останува да е дел од Пари Сен Жермен. Желбата на Нејмар и навивачите на Барселона, Бразилецот повторно да биде соиграч на Лионел Меси на „Камп Ноу“, на кратко ја исполни хакерската група „OurMine“, која го хакираше твитер профилот на Барселона.

Хакерите на тивтер профилот на Барселона објавија дека Нејмар повторно потпишал за каталонскиот гигант, со фотографија на која Нејмар е во дресот на шпанскиот првак. Веднаш потоа следуваше реакција од чениците на Барселона, кои успеаа да ја превземат контролата на Твитер профилот, па упатија јавно извинување за неточната информација која била пренесена од хакерите.

Барселона вчера славеше со 2:1 против Хетафе и сега има 52 бодови колку што има и лидерот Реал Мадрид, но Кралскиот клуб вечерва има меч за доигрување и тоа против Селта Виго.

 

- Оглас -

Најнови вести