Градежен работник Индија, кој се вика Сринивас Говда започнаа да го споредуваат со легендарниот атлетичар Јусејн Болт. На необична трка која традиционално се одржува во Индија, а го носи името Камбала, Говда успеа да истрча 100 метри за 9,55 секунди. Ова време е за три стотинки побрзо од светскиот рекорд на Болт, кој изнесува 9,58 секунди.
Сепак, трката и времето на индискиот градежен работник е поставено на специфичен начин. Говда кој има 28 години, трчаше со помош на два бика, кои ги влечат напред. Се работи за трка на 142 метри која се трча на патека со кал и вода. Индиецот таа патека ја истрчал за 13,62 секунди и веднаш започнаа споредбите со нејбрзиот човек во историјата.
Дури и индискиот министер за спорт, Кирен Риј му понудил на Говда да започне да тренира со најдобрите тренери во земјата и да се обиде да се озбори за настап на спортски игри.
„Контактиравме со него и билетот е подготвен. Го очекуваме в понеделник да пристигне во националниот спортски центар.Ќе му ги обезбедиме најдобрите тренери и услови и се надеваме дека ќе го покаже спортскиот талент“, вели министерот за спорт на Индија.
#WATCH – Srinivasa Gowda from Karnataka ran 100m in 9.55 seconds at a "Kambala" (buffalo race). He was faster than Usain Bolt who took 9.58 seconds to create a world record. pic.twitter.com/rrbf3lxnpn
— News18 (@CNNnews18) February 14, 2020