Жолтиот ѕид во Дортмунд ќе го поздрави славеникот Пишчек

Лукаш Пишчек сигурно ќе биде поздравен со овации од навивачите на Борусија Дортмунд, а вечерва посакува хет-трик на легендарниот „Вестфален“.

Бекот на Милионерите ќе го игра вкупно 350-тиот меч за Борусија и 50-тиот во Лигата на шампионите, со што ќе стане и првиот фудбалер на клубот од Дортмунд со такво постигнување.

Секако, најмногу посакува да ги прослави јубилеите со триумф против Пари Сен Жермен во првиот осминафинален дуел од двомечот со Светците од Париз.

Пишчек е најавен во првиот состав на Борусија на својата стандардна позиција, крај десната аут-линија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести