Италија славеше против Русија со убедливи 83:64 во дуелот на останатите два противника на Македонија во квалификациската група Б. Аѕурите по првото коло поради подобра кош-разлика застанаа на првата позиција пред Естонија, која ги победи нашите кошаркари во СЦ „Борис Трајковски“.
Домаќините од самиот почеток имаа контрола врз резултатот, па иако Русите даваа отпор, нивната одбрана попушти на стартот на второто полувреме. Двоцифрената предност Италијанците ја зголемија во финишот за убедливи +16.
Доминираше Ричи со 19 поени и 7 скока, од редовите на рускиот национален тим најрасположен беше Кулагин со 17 поени и 8 асистенции.