Македонскиот клупски фудбал не е познат по добри резултати надвор од границите на земјава, но со негативности привлекува внимание во регионот и пошироко во Европа. Вчера главен хит беше црвениот картон и намерното спречување напад со друга топка која гостински играч си ја носеше во раце на натпреварот Македонија ЃП – Академија Пандев, а денеска има нов клип кој ги насмеа сите што го видоа.
На средбата во Кратово помеѓу Силекс и Шкендија, домашните брзаа да изведат аут и фудбалерот на Силекс си ја зеде топката во раце за да изведе аут зад аут-линијата, како што наложуваат прописите. Помошниот судија досуди престап и оправдано го поништи аутот доделувајќи им ја топката за тетовчани. Проблемот беше што паралелно со вистинската аут-линија, внатре во полето има уште една, речиси идентична, па играчот мислеше дека тоа е аут-линијата и затоа од таму ја уфрли топката во игра.
Погледнете: