Само што почна, веднаш стоп за Џеј лигата – Коронавирусот ги одложи натпреварите до 15 март

Јапонците ќе останат без прволигашки фудбал до 15 март и сите натпревари што требаше да се играат до тој датум се одложени поради коронавирусот.

Само што почна популарната Џеј-Лига веднаш натпреварувањето е стопирано, поради епидемијата во Јапонија. Во првото коло имаше невообичаена ситуација и на навивачите им беше забрането да ги бодрат своите миленици, за да не се шири заразата.

Јапонската фудбалска асоцијација одлучи да не се ризикува и ги одложи натпреварите од второто, третото и четвртото коло, но можно е ако ситуацијата со коронавирусот не се подобри, да има и понатамошни одложувања на неодредено време.

Нема да се играат и второлигашките натпревари, што значи пауза и за Доријан Бабунски, единствениот наш играч во Јапонија. Тој е член на Мачида и играше во првото коло за својот клуб против Кофу, откако влезе како замена во 77-мата минута.

До скоро во Јапонија играше и неговиот постар брат Давид Бабунски, но тој пред почетокот на новата сезона се раздели со Омија Ардија, исто така клуб кој игра во Втората јапонска лига.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести