Икарди му се смее на Кавани после утка, Мбапе дрибла како Роналдињо (Видео)

Најдобриот француски фудбалски тим, Пари Сен Жермен, освен што го победи Дижон со 4-0 и освои рутински три бода, ја забавуваше публиката на „Паркот на принцовите“, а на трибините беше и суспендираниот Нејмар.

Пабло Сарабија уште во трета минута го отвори резултатот и домашните заиграа послободно. Најубавиот потег го имаше Килијан Мбапе кој тргна атрактивно да дрибла, во стилот на Роналдо од пред десетина години, и му успеа тоа, воодушевувајќи ги сите.

https://twitter.com/i/status/1233799750949928961

Единсон Кавани кој има даде 200 гола за ПСЖ и има прекар Матадор (убиец), утна една 100-отстотна шанса, што не е карактеристично за него. Веднашпо невидената утка на Кавани, камерите го уловија Мауро Икарди како му се смее на соиграчот. Аргентинецот влезе во игра место Уругваецот и постигна гол за 3-0, откако претходно Мбапе се запиша во листата на стрелци за 2-0, а истиот играч во финишот погоди и за конечни 4-0.

- Оглас -

Најнови вести