Првата ѕвезда на Голден стејт, Стеф Кари, по четири месеци пауза, повторно се врати на теренот. Кари играше во дуелот против Торонто, но неговиот тим беше поразен со 121:113. Рептилите со оваа победа станаа вториот тим од Истокот што го потврдија местото во плејофот, веднаш зад најдобриот тим во лигата Милвоки. За Голден стејт ова беше 49 пораз во 63 меча, па тимот останува убедливо најслаб во лигата.
Двокраниот МВП имаше одлични бројки во првиот меч по скршеницата на раката, но сепак се гледа дека долгата пауза го има извадено од ритам. Шутерот на Голден стејт заврши со 23 поени, 7 скока и 7 асистенции. но неговото главно оружје, шутот за три поени, не функционираше најдобро. Кари погоди само 3 од 12 удари за тројка.
И покрај слабиот шутески меч, Голден стејт со Кари на теренот добро го измачи фаворитот. На 50 секунди до крајот, Торонто имаше предност од два поени (115:113) кога Паскал Сијакам имаше еден добар влез кон кошот, успеа да погоди и да добие дополнително слободно фрлање и на крајот ова се покажа како клучно за триумфот на гостите.
Pascal Siakam steps through and scores through contact!@Raptors 117@warriors 113
29.6 to play on @NBAonTNT pic.twitter.com/MWlOdLmqyD
— NBA (@NBA) March 6, 2020
Во останатите мечеви во НБА кои се играа ноќеска: Шарлот – Денвер 112:114, Хјустон – ЛА клиперс 105:120, Сакраменто – Филаделфија 108:125.