Женската фудбалска репрезентација на Македонија претрпе тежок пораз на гостувањето кај Србија со 8-1 во рамки од петтото квалификациско коло за ЕП 2021. Србинките повторно немаа милост против нашиот национален состав, откако во претходно циклус траиумфираа со 6-0 во Скопје.
Двата брзи погодоци на Полјак во четвртата и осмата минута најавија дека на нашите репрезентативки ќе им биде тешко и во оваа средба. Рочи намали на 2-1 во 14-тата минута и влеа надеж за добар резултат, но потоа заработи два жолти картони и мораше да го напушти теренот пред истекот на 40-тата минута.
Со фудбалерка помалку, Македонија не можеше ништо да направи, а домаќинките го искористија тоа и во продолженија ја полнеа мрежата. За конечниот резултат стрелаа уште на двапати Филиповиќ и Цанковиќ, Дамјановиќ и Радојичиќ.
По пет меча Македонија го држи претпоследното петто место со само три бода, односно една победа, додека Србинките ја остварија третата победа со која застанаа на второто место со 9 бода.