Флик потврди, германска легенда е опција за негов помошник во Баерн

Иако сè уште не му е гарантирано на Ханси Флик дека ќе го предводи Баерн Минхен во следната сезона и покрај тоа што бележи добри резултати со клубот, тренерот на Баварците потврди една убава вест која ќе ги израдува фановите.

За фаворит на позицијата помошник-тренер, или десна рака на Флик, е Мирослав Клозе, клупската легенда и рекордерот по број на погодоци во германската репрезентација. Клозе моментално работи како тренер во академијата на Баварците, каде што го предводи тимот до 17 години, а Флик вели дека тој би бил идеален човек да биде покрај него и би имале одлична соработка.

„Мое мислење е дека Клозе е идеален за таа позиција. Се знаеме долго време и знам дека неговото искуство ќе има позитивен придонес врз тимот“, истакна Флик.

Клозе беше дел од составот на Баварците од 2009 до 2011 година, за кои запиша 98 настапи и постигна 24 гола, додека со 71 погодок е на врвот на листата на стрелци на Панцерите пред Герд Милер, а покрај бројните трофеи, најзначаен му е од Светското првенство во 2014 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести