Управниот одбор на Кошаркарската федерација на Македонија на седницата одржана на 11 март донесе одлука натпреварите од Купот кои се одржуваат секоја година и се дел од календарот на Федерацијата да се именуваат како „КУП Благоја Георгиевски–Буштур“ во чест на нашата легенда, кој прерано нè напушти, а притоа остави големо спортско наследство на сите понатамошни генерации.
Засега не се знае кога и дали годинава ќе се игра завршниот турнир од Купот.
УО на КФСМ одлучи целиот приход од продажба на влезниците за натпреварот Македонија – Естонија да се донира во добротворни цели, а средствата ќе се распределат согласно со поединечни потреби-барања, односно со посебна одлука на генералниот секретар на Федерацијата, а по утврдување на основата за реализација на донациите од страна на Федерацијата.